Додека полека и несигурно се привикнуваме на – новата реалност, изненадува понекоја убава појава, како во претходниот живот.
Тоа е дозата на Роберт Билбилов што тој ја сервира преку „Тажно диско“, новата песна која, како што вели авторот е „вистински доказ за тоа колку совршени можат да бидат мелодијата и текстот, кога се работи, мисли и делува искрено.“
Жива вистина- кога на музиката на Билбилов ќе легнат стиховите, со кои Игор Џамбазов наросува од животот, се случува чудо и песната ви се лепи -од прва.
Неџабе овој двоец е најмоќната појава на нашата естрада.
И пред да се проверите што тоа има во „Тажно диско“ ве информираме дека видеото го продуцираше Александра Гелевска.
Да, „Тажно диско“!
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени