Тања Турунџиева: Авокадо, за да сте свежи, бистри и лесни
Авокадото е богатство на високовредни масни киселини и тоа, овој јужен зеленчук или по номенклатура овошје, го прави фаворит на здравата и вкусната исхрана.
Татковината на авокадото е Средна Америка. Денеска вирее во топлите и врели поднебја како што се Бразил, Израел, Мексико, Африка, Грција и Шпанија.
Авокадото има најмногу природни содржини на масти: околу 10 до 15 проценти. Потоа, ¾ од тие масти се во облик на висококвалитетни незаситени масни киселини, со тоа е идеална намирница за сите оние кои мораат или пак сакаат да се откажат од маснотиите од животинското потекло.
Авокадото има и значајна терапевска улога, благодарение на високата концентрација на манохептулоза, посебна врста на шеќер односно јаглехидрати. Количината на шеќерот во крвта притоа не се зголемува, туку се намалува. На тој начин подобро се напојуваат нервните и мозочните клетки, кои како енергетска храна прифаќаат исклучително глукоза. Поради тоа се чуствувате способно, свежо и со бистар дух.
Луѓето со зголемена телесна тежина често имаат зголемена количина на инсулин. Хормонот инсулин го блокира изградувањето на масните клетки. Тоа го спречуваат благородните компоненти во авокадото, ја намалуваат количината на инсулин, така што масните наслаги полесно се распаѓаат. Освен тоа, авокадото содржи белковини, витамини и минерали, и тоа во голема квалитетна мера. Авокадото содржи многу лецитин (важно за нерви) и бакар (важен за производство за црвени крвни зрнца) и има голема количина на витаминот Б6 .
Тој помага и за намалување на телесната тежина. Авокадото не прави побистри, побудни, ни ја зголемува концетрацијата, ги намалува тегобите при менструацијата, ја зголемува количината на желудачната киселина со што го подобрува апсорбирањето на белковините, го зголемува создавањето на црвените крвни зрнца, идеален извор и на белковини за доилките.
Авокадото треба да се конзумира кога е во зрела состојба. Можете да го исецкате во салата, можете да направите дресинг со лук за во салата или како лесен намаз за на леб.
Оној кој што редовно го конзумира авокадото, може да има одлична придобивка за својата кожа. Витаминот Е кој што го содржи во себе ги намалува слободните радикали. Тој не само што може да се јаде туку може да се направи и маска за лице од авокадо, која прави чуда, особено кај сува и перутаста кожа. Таа повторно станува мека и без брчки.
До сега авокадото нема никакви забрани во однос на тоа кој се треба да го конзумира. Едноставно, можете да го јадете кога сакате и колку сакате.
Коментарите се затворени