Тања Турунџиева: Ако имате акни заборавете на путер, паштета, благи работи …
Акните настануваат при хипертрофија и инфекција на лојните жлезди на кожата. Лојните жлезди произведуваат себум, масна материја чива улога е подмачкување на кожата и влакната.
Кога фоликулите на лојните жлезди ќе пукнат, себумот се собира и жлeздите отекуваат. Потоа, себумот нема нормална циркулација, доаѓа до инфицирање и воспаление на лојната жлезда и настанува бубуличен осип, типичен за акни.
Како што е познато, акните најчесто се јавуваат во пубертетот како последица на хормонските промени.
Фактори кои предизвикуваат појава на акни се:
– генетика,
– хормони, најчесто андрогените кои се одговорни за секундарните машки карактеристики,
– емоционален стрес,
– недоволен внес на вода,
– млечни производи,
– сиромашна исхрана на овошје, зеленчук, јаткасти плодови, житарки, мешунки, а збогатена со преработени производи, животински масти и адитиви.
За превенција и лекување треба да се зголеми внесување на :
– Вода : помага во исфрлање на штетните материи од организмот.
– Овошје: помага во исфрлање на штетните материи од крвта низ урината.
– Зеленчук: исто како и овошјето, помага во исфрлање на штетните материи, богат е со витамин А, особено морковот, блитвата и спанаќот.
– Интегрални житарики: богати се со влатка и витамин Б, и како такви треба да бидат застапени во исхраната кај лицата кои се склони на акни.
– Соја: сојата и нејзините преработнки, особено млекото од соја и тофу, обезбедува фитоестрогени (билни хормони) кои допринесуваат до неопходна рамнотежа на хормоните, и со тоа се спречува создавањето на акните.
– Витамин Е: овој витамин ги одржува здрави порите на кожата.
Jаткасните плодови, билните масла и авокадото се одлични извори на витамин Е. Неговите суплементи/додатоци се исто така ефикасни во лечењето на акните.
– Витамин А- особено значаен за здрава кожа.
– Цинк – неговиот недостаток, како и недостатокот на витамин А, ја намалува способноста на организмот да се бори со инфекции.
– Комплекс од витамин Б – особено Б6 витаминот.
За превенција и лекување треба да се намали или да се елиминира внесот на :
-шеќер : исхрана збогатена со шеќер и производи кои содржат шеќер (торти, колачи, итн) влијаат на настанување на акните.
– пецива од рафинирано брашно : шеќер и рафинирано брашно го зголемуваат настанувањето на акните ако се конзумираат во зголемени количини.
– заситени масти : внесувањето на масти го зголемува излачувањето на себумот кој се наоѓа во лојните жлезди. Хипертрофијата и инфекијата на лојните жлезди предизвикуваат настанување на акни. Кобасица, паштета, сланина, путер, павлака, и производи богати со заситени масти, ја зголемуваат појавата на акните. Од друга страна, незаситените масти делуваат корисно на кожата.
-Млеко: исклучувањето на млекото и млечните производи го подобрува здравјето на кожата.
-Чоколади: содржат заситени масти и шеќери, состојќи кои се причинители за настанувањето на акните.
-Сол : зголеменото внесување на солта во исхраната доведува до задршка на течностите во кожата а со тоа се зголемува воспалението на лојните жлезди, што предизвикува појава на акни. Треба да се обрне внимание со додатоците кои содржат јод, бидејќи можат многу да влијаат во процесот на воспалување на акните.
Коментарите се затворени