Редовната, правилна и здрава исхрана е еден од главните предуслови за јак имунитет, а најдобрите „борци“ против болестите се корисните нутритиви – витамини, минерали, протеин и други здрави намирници.
Имате ли чувство дека на вашиот имунитет делуваат факторите што не можете да ги контролирате? За жал, во право сте.
На имунитетот негативно влијаат и надворешни фактори, како што е загадениот воздух, како и долготрајна употреба на антибиотици. Хроничен замор, чести настинки, недостаток на енергија и несоница, како и херпесот на усните е знак за ослабен имунитет, исто како и потребата за благи работи, сув нос и темножолта урина, кои се последица на недостаток на течности во организмот.
Бидете дисциплинирани и внимателни со своето здравје.
Поради големото количество на витамин Ц, во овој период се препорачува конзумирање на цитрусни овошја – лимон, портокал, грејпфрут, киви и јаболка.
Јогуртот и другите ферментирани млечни производи содржат корисни бактерии што благотворно влијаат на реподруктивниот тракт, еден од најважните елементи на имунолошкиот систем. Лептин, го има во печурките шитаки, го стимулира создавањето на Т- лимфоцитите, таканаречени клетки убијци, кои се клучни за одбрана од болести, исто како и лукот, еден од најјаките природни антибиотици. Бројните студии докажале дека бетакаротенот ја зголемува потпорноста на организмот од вируси и бактерии, а овој моќен антиоксиданс го има во обилни количини во морковот, тиквата, спанаќот и ќељот.
Витаминот А игра важна улога во јакнењето на имунитетот и делува како антиоксиданс, додека пак витаминот Б2 покажува ефикасност во сузбивање на бактериска инфекција. Витаминот Е ги штити крвните садови и кожата од слободните радикали, а најмногу го има во бадемите, лиснатиот зеленчук и лешинците.
Витаминот Д го зајакнува одбрамбениот систем на организмот, бидејќи во телото се создава со помош на сончевата светлина, а во овој период се препорачуваат продукти богати со овој нутритив: риба (лосос, скуша) и морски плодови.
Цинкот влијае на произведување на антитела и на активноста на лимфоцитите, луѓето кои патат од недостаток од овој минерал почесто настинуваат и заболуваат од инфекција на дишните органи. Меѓутоа, важно е да се знае дека прекумерна доза може да има контра ефект. Незаситените масни киселини се од клучно значење за нормално функционирање на имунитетот, бидејќи ја зголемуваат активноста на белите крвни зрнца кои ги разградуваат бактериите. Со овие вредни материи обилува маслиновото и леновото масло, како и морската риба (лосос и туна).
Медот, матичниот млеч и прополисот создаваат и регенерираат црвени крвни зрнца и го ослободуваат организмот од отрови. Иако научниците сеуште се трудат да разберат како тој механизам всушност функционира, нема никакво сомневање дека за здрав живот е пресудно да се намали ризикот од зарази и болести.
Зимно време нашето тело троши многу повеќе енергија па имунитетот е повеќе оптеретен од нормалното и затоа е послаб. На неговата ранливост влијаат и хроничните болести, нередовниот сон, нервозата, неправилната исхрана, нехигиената, премногу односно, премалку физичка активност како и лошата навика од конзумирање на цигари и алкохол.