Тања Турунџиева: Пиперката лекува
Пиперката го буди заспаниот метаболизам. Поради тоа содржи многу високовредни, освежителни состојки. Пиперката е лековит зеленчук. Многу луѓе со здравствени проблеми и пореметувања можат да си заштедат одење по лекари доколку почесто имаат пиперки во своето дневно мени.
Зелените пиперки, како и црвените и жолтите се по потекло од јужна Америка. Но, се произведуваат на целото средоземје, како и во Африка и Азија.
Најважното својство на овој зеленчук е капсицинот, кој од памтивек се користи како лековито сретство против пореметување на циркулацијата во организмот. Всушност, го спречува згрутчувањето на крвта, ја подобрува циркулацијата, а со тоа ослободува од симптомите како што се ладни ноги или раце, вртоглавица итн. Капсицинот дејствува превентивно и против мигрена.
Покрај тоа, пиперката е богата со растителни пигменти на каротенот ( провитамин А, за заштита на слузницата ), витамин Б6,, а пред се пиперката е зеленчук кој е најбогат со витамин Ц. На нашиот организам му е потребен витамин Ц преку целиот ден ( практично во секоја секунда ), поради бројните хемиски реакции на метаболизмот.
Пиперката е многу важна за имунитетот, како и за нашите жлезди ( кои во целиот наш организам имаат најмногу концентрација на витамин Ц во ткивата). Пиперката е богата и со елементот кој се наоѓа во траги на цинк ( тоа е многу важно за врзните ткива, за хормоните и за мозокот).
Пиперките можат да се купат во текот на целата година. Секогаш треба да се консумираат свежи. Со термичка обработка се губи нивната лековитост. Треба да се зачинети со масло како би се искористил драгоцениот бета-каротен.
Фото-Pexels
Заради дејството на пиперките при згрутчувањето на крвта се препорачува прекумерното конзумирање на луѓето кои имаат чести спонтани крварења и потешкотии на зараснување на раните, како и тие што пијат антикоагуланска терапија. Исто така помагаат и при надразнетата или воспалена желудечна слузница.
Пиперката помага при пореметување на циркулацијата, ги смирува потешкотиите со проширените вени и хемороидите, го јакне срцето и крвотокот, дејствува против мигрена, ја зајакнува слузницата во целиот организам, го подобрува видот, го подобрува либидото и ја зголемува концентрацијата.