Целерот е многу значаен зеленчук во нашата исхрана без ралика дали станува збор за варен или свеж во салата. Пред се причина за тоа е неговат специфична арома, со која ги збогатува јадењата и го подобрува вкусот на другите видови на зелечуци. Сировиот целер може да се комбинира дури и со овошје како сок ( на пр. со јаболката, црвено бобесто овошје).
Целерот е домашен производ, но секако може и да се увезува. Целерот е робустен, поднесува и појака и поостра клима, па затоа може да се најде во текот на целата година. Постојат повеќе видови на целер, како на пример: лиснат, како грутка или како стебло од целер.
Целерот содржи големо количество на етерични масла, кои придонесуваат за самата арома на целерот, како и за вкусот. Етеричните масла во целерот се јаки, а нивното дејство дејствува антибактериски и антимикотично ( ги уништува габите) во слузниците во организмот ( во устата, грлото и желудецот), како и во цревата. Дури и кога се лачат преку бубрезите, мочниот меур и неговите канали, таа и понатаму ја има функцијата на дезинфекција на слузницата, со што се помага при воспаление на мочните канали и потешкотиите при мокрење. Севкупниот Б комлекс на целерот ја прави главната промена на јагленохидратите во организмот, ја доведува енергијата во клетките, а со тоа во целиот организам. Тој е и воедно основната храна на нашите нерви и на мозокот- при психолошките пореметувања, како што се немир, раздразливост, депресија. Големото количество на витамин Б која се содржи во целерот помага за нормална работа на цревата, како и што ја одржуваат кожата, косата, очите и црниот дроб.
Целерот ги содржи покрај витаминот Б 12 и останатите Б витамини во урамнотежена концентрација ( ниту од едно повеќе, во идеален баланс). Доколку се има недостаток од витамин Б , како и Б2 или Б6 се намалува биолошката искористеност на останатите Б витамини. Витаминот Б е најпотребен на децата кои одат на училиште, бидејки од нив се бара голема концентрација, исто така е најпотребен и на луѓето кои работат во канцеларии, како и на сите кои се изложени на целодневни стресови.
Целерот е добар за уништување на бактериите и габите во желудникот и цревата, ја подобрува перисталтиката на цревата, при опстипација, дезифинцира и ги одстранува отровите на слузниците на ушната шуплина и на грлото, дејствува антибактериски на бубрезите, мочниот меур и на каналите.
Тој го штити нашиот организам и од канцерогени заболувања.
ФАМОЗЕН ЛЕК
Етеричните масла, кои се во големи количини имаат бројни лековити својства: ja разложуваат слузта( при кашлица или настинка), делуваат прочистувачки ( при тромост на црева или опстипација), го потикнуваат создавањето на жолчните сокови, ги елиминираат вишокот на течности во телото, стимулираат настанување на солна киселина во желудечните сокови( важно за почетната размена на белковини, а со тоа и искористување на самите нив). Зато целерот секаде во светот е познат како еден од најголмите хранливи лекови.