8.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Тера Мадре во Торино, настанот што ја промивираше македонската кујна на големата врата

Од 22 до 26 септември сите вљубеници на Слоу фуд, активистите на спомнатата мрежа ама и многубројните гости, посетители од целиот свет беа дел од 14-тото издание на Тера Мадре Салон дел Густо 2022-Terra Madre Salone del Gusto, во Торино- Италија.

Станува збор за најголемиот собир на мрежата на Слоу Фуд, најважен меѓународен настан посветен на политиката за храна, на презентации на автентични и локални јадења, хедонисти и гурмани, сите обединети околу слоганот „Време е за регенерација“ што создадоа одржливи мостови на мирот. Пријателствтата се повторно во мода!
И дека светот може да живее во духот на биодиверзитетот, да конзумира добра, чиста и правична храна сведочат околу 700 изложувачи кои го обоија паркот Дора во Торино, потврдувајќи ја константата дека добрата храна е како музика што може да се вкуси и слика што може да се помириса.

Инаку, најдобрата работа е што на ова издание на Тера Мадре, „Слоу Фуд Македонија“, со свој простор од 100 метри квадратни, наличен со низи суви пиперки, лук и тутун, со сала за презентации оплеменета со фотографии на Слоу фуд гостилници, организирана кујна, изложбен штанд и среќни лица на домаќините „вооружени“ со нашата традиционална љубезност, имаше импресивни, квалитетни работилници, презентации и вкусна храна, со што се смести на светската мапа на гастрономијата.

Штандот на Македонија, разбирливо беше најпосетен поради можноста да се вкуси ајварот, органски мед, слатко од смокви, охридски комат, макало, домашно лепче,домашни сувомеснати производи, буковска пипер, па- тавче гравче, јагнешко месо, качамак и сирење, јагнешка чорба, макало со везени пиперки и грав,тарана со афион, јајчалник, раванија со ореви, пелте од шира со јаболка.., околу 30 традиционални рецепти што деноноќно ги приготвуваа готвачите од Алијансата на Слоу Фуд Македонија- Зоран Мајновски, Пеце Клечкароски и Димитар Арнаудоски.


Нашите готвачи со босанскиот шеф Нихад Мамелеџија

Беше вистинско задоволство и привилегија да си „Слоу фуд Македонија“, да си дел од македонската гастрономска репрезентација, сеедно дали си новинар, професор, производител, готвач, активист.., убаво звучеше „Македонско девојче“ на 1500 километри далеку од дома, прекрасни беа нашите вина и пива а целата „павилјонска улица“ мирисаше на планинскиот чај.
Ех, земјо Македонска, чудесна убавина си!


На отварањето на македонскиот павилјон присуствуваше Весел Мемеди, македонскиот амбасадор во Италија и Лидија Попандонова, претставничка на Република Северна Македонија во Организацијата за храна и земјоделство на ОН

Настанот се реализира со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Интернационал, со поддршка на „Серта компани“ ДОО, Скопје и ЗЗ „Еко Овчеполка“ како и со логистика на македонската заедница во регионот Пиемонт.

Валентина Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена