Кафанчиња, ресторани, мераци и ќефови не потсетуваат на убавите нешта од „претходниот живот“. Но, ќе помине и ова, а во меѓувреме, забавете се. Дали сте тип за тестенини или за торти? Што најчесто јадете, кое ви е најдраго овошје и на што не можете да одолеете? Изборот на храна говори многу за вашиот начин на животот и за вас самите. Проверете, можеби има нешто што итро се криело од вас !
1. Што ве привлекува најмногу, на што мислите кога ќе ви текне на ресторан, кафеана?
а) на десерт
б) на се што е на менито
в) на необични предјадења
г) само на едно јадење
д) на салата и ракија
2. Што најчесто нарачувате?
а) торта со чоколадна глазура
б) сирење
в) нешто со тартуфи
г) пита, проја, ѓомлезе
д) сезонски салати
3. Секогаш истакнувате…
а) ситни колачи
б) ладни сендвичи
в) пуканки
г) скара
д) јогурт
4. Идеален прилог е?
а) компири
б) артичоки
в) пченка
г) печурки
д) зелена салата
5. Од која храна не можете да се откажете?
а) тестенини и леб
б) млечни производи
в) овошје и апетисани
г) месо и риба
д) зеленчук
6. Помеѓу житарки и тесто би се задоволиле со…
а) двопек
б) ориз
в) крекери
г) бадеми
д) интегрален кекс
7. Вашето овошје е…
а) грозје и праски
б) банани и ананас
в) јаготки и трешњи
г) смокви и лубеница
д) портокали и мандарини
8. Што најмногу ви ја зголемува енергијата?
а) сушено овошје
б) црно чоколадо
в) вино, пиво
г) бифтек
д) кафе
9. Вашиот избор на пијалок е…
а) цеден сок
б) газиран пијалок
в) алкохол
г) вода
д) кафе, чај
10. Како се однесувате на маса?
а) го јадете само своето
б) константно грицкате од се и секого
в) повеќе зборувате одошто јадете
г) збришувате се набрзинка
д) јадете полека и со уживање
РЕЗУЛТАТИ
Најмногу одговори под А – СРАМЕЖЛИВ(А)
ШТО БАРАТЕ: Во колачите, воглавно оние со многу путер, го пронаоѓате најголемиот антидепресив. Кога јадете заборавате за сите несигурности и токму затоа помеѓу ручекот во друштво и мобилниот на маса , ја одбирате втората можност.
ШТО РИЗИКУВАТЕ: Премногу шеќери и масти може да предизвикаат претерана телесна тежина, зголемување на нивото на холестерол, лоша циркулација и други непријатности.
КАКВИ СТЕ: Преку храната ја компензирате затвореноста и јадењето е вашиот одбрамбен механизам. Кога сте тажни или депресивни, се однесувате инфантилно и уште повеќе се затворате во себе. Всушност, чекате некој да погоди зошто сте меланхолични и незадоволни. Инаку, лесно се прилагодувате, но малку вложувате во друштвениот живот и затоа најдоброто друштво ви е храната.
Најмногу одговори под Б – НЕРВОЗНА
ШТО БАРАТЕ: Вашата најдрага храна? Млечни производи во сите варијанти- и чоколади. Причината е разбирлива: прво, содржат шеќер, магнезиум и теобромин, кои го стабилизираат расположението и второ, триптофан кој смирува. Освен тоа, тоа се совршени, но и нездрави јадења кои можете да ги грицкате и ако не седите на маса.
ШТО РИЗИКУВАТЕ: Јадете брзо и често. Тоа има две последици: слаб физиолошки процес и дебелеење. Сирењата, богати со соли и масти може да предизвикаат хипертензија, а чоколадата може да ја зголеми.
КАКВИ СТЕ: Поголемиот дел од времето сте нервозни, никогаш не сте опуштени и се обидувате да ја елиминирате нервозата преку храната. Ве вознемирува и најмал проблем и било какво изненадување. За да ја намалите напнатоста, постојано нешто грицкате- работата е во тоа што сте во состојба на готовс 24 часа во денот! Време е да се опуштите.
Најмногу одговори под В – РОМАНТИЧНА
ШТО БАРАТЕ: Од обичните јадења повеќе ве привлекуваат ситуации во кои можете да видите убави и посебни работи, како што се аперитиви, салати, долги ручеци… Минијатурни сендвичиња и апетисани.., ви се допаѓаат повеќе од една чинија манџа.
ШТО РИЗИКУВАТЕ: Одбегнување на класични хранливи оброци и претерувањето со меѓуоброци, го полнат вашето тело со соли и масти. Внимателно!
КАКВИ СТЕ: Важите за голем естетичар, а вашите прехрамбени навики повеќе ги диктира изгледот, отколку јадењето. Ако имате во чинија варен зеленчук, не ви треба ништо друго. Ве привлекуваат интересни форми и бои и доволни ви се минимални количини за да се чувствувате задоволно. И најдобро од се- тоа резултира и со добра линија.
Најмногу одговори под Г – ХИПЕРАКТИВНА
ШТО БАРАТЕ: Кога ќе седнете на маса, не можете да одолеете на тестенини и ориз кои ви даваат дополнителна енергија и ви помагаат во контролата на стресот. Слаби сте на црвено месо богато со железо, а често не успевате да одолеете ниту на слатките работи.
ШТО РИЗИКУВАТЕ: Може да западнете во монотона исхрана. Сигурно не ви недостасуваат јаглени хидрати и протеини, но можеби ви недостасуваат витамини и минерали со оглед на тоа што заборавете на овошје. Поправете ја грешката!
КАКВИ СТЕ: Немирни, хиперактивни, постојано во движење- тоа сте вие. Се обидувате да се носите со се, и добро ви оди. Вашиот вишок на енергија се гледа и на масата: јадете неорганизирано, воопшто и не размислувајќи на она што го ставате во уста. Повеќе ве интересира квантитетот отколку квалитетот. Чувајте се од прејадување!
Најмногу одговори под Д – ИНТЕЛЕКТУАЛКА
ШТО БАРАТЕ: Свесни сте за она што го јадете и затоа барате здрава и природна храна. Кога имате шанса употребувате здрава храна, интегрален леб, тестенини, интегрален ориз, житарки… Не е исклучена ниту одлуката за вегетаријанска исхрана.
ШТО РИЗИКУВАТЕ: Не претерувајте со овошјето и зеленчукот, бидејќи ја намалувате апсорпцијата на калциум. Внесувајте доволно претеини и витамини од Б групата.
КАКВИ СТЕ: Реагирате промислено и мудро, а „носот“ ви е секогаш на друго место, во облаци. Тоа не значи дека сте сонувач, туку сте замислени, а тоа се однесува и на храната која ја сервирате на маса. Гладот ретко ви одредува што ќе јадете, се обидувате да следите здрави и ригорозни диети кон кои строго се придржувате.
Коментарите се затворени