Тиквици со тестенини
Потребно е: 500 гр. шпагети или макарони, парче полномасно сирење, две помали тиквички, две чешниња лук, едно јајце, босилек, сол, бибер.
Сварете ги тестенините во солена вода и додадете масло. Исечете ги тиквичките на коцки и пржете во масло, додадете лук, босилек, бибер и сол.
Додадете рендано сирење и врзете сè со едно јајце, а потоа измешајте со тестенини.
Сервирајте со ливчиња свеж босилек.
Коментарите се затворени