Топ- модели кои ја сменија индустријата
Стандардите за убавина се менуваат, дури исчезнуваат. Дефинитивно одминува времето на моделите кои изгледаа како да се правени по калап. Сега е на ред различностите да завладеат со модниот свет, и тоа се прави, чекор по чекор.
Првиот професионален топ-модел албино, првиот модел транссексуалец, топ-модел со 85 и повеќе години… Бојата на кожата, полот и сексуалноста, барем денес во светот на модата се вистински хит.
Шантел Браун – не е важна бојата на кожата
Оваа убавица страда од витилиго, болест која предизвикува промена на бојата на кожата. Тоа сепак не ги спречува топ моделите да дефилираат на модната писта. Шантел Браун била лице на Desigual и Diesel, снимала се и сешто, и блеснала во многуте фотосесии на најпознатите модни и на списанија со стил.
Шон Рос – првиот професионален модел албино
Шон Рос е роден во 1991 година и е првиот модел албино. Со модата почнува да се занимава уште на 16 години и до денес има направено фантастични фото стории за GQ, Paper Magazine, Vogue… Тој дефилирал и на модната недела за Givenchy и Alexander McQueen. Шон признал дека како дете бил малтретиран затоа што е различен но модната индустрија сепак го научила да се сака себе си, таков каков што е.
„Не сакам луѓето да ме сожалуваат, не чувствувам жал кон себе си. Напротив, се гордеам и би сакал луѓето исто така да научат да бидат горди на она што се“.
Ешли Греам – плус сајз убавица
Оваа голема девојка е родена во 1987 година во САД и денес е еден од најпознатите plus-size модели во светот. Ешли има богата биографија- се сликала за Harper’s Bazaar, Vogue, Elle, Sport Illustrated и била заштитно лице на кампањи на различни модни брендови: Levi’s, Layne Bryant, Marina Rinaldi, Evans, Hanes, Liz Claiborne Macy’s и Bloomingdales.
Исто така, Ешли Греам работи со канадска фирма за долна облека и е заштитно лице на нивната plus-size линија. Кога не е модел, Ешли предава во училиште во кое се зборува за тоа како човек треба да го сака своето тело такво какво што е, и да се прифаќа – таков каков што е.
„Довербата ја добив од дома, затоа што мајка ми никогаш не ми велела- Не ми се допаѓа ова или она“, туку „Треба да сакаш телото што го имаш. Ова е телото што ти е дадено.“
Ерика Линдер – најпознатиот андрогинот модел
Ерика е швеѓанка, родена во 1990 година и е една од најпознатите андрогени модели. Тоа значи отелотворување и во улогата на маж и во улогата на жена. Самата Ерика признава дека за неа е поголем предизвик да ја има улогата на жена, затоа што поретко нејзината потреба е да биде женствена.
„И реков на својата агентка: Да, во ред, ќе бидам модел, но ќе го направам тоа на мој начин.“
Ерика Линдер е и жената и мажот во кампањата на Crocker
Леа Ти – транссексуалец топмодел
Леа Ти е жена, која некогаш беше маж, родена во 1981 година, бразилски топмодел и активист на ЛГБТ заедницата. Таа е муза на дизајнерот Рикардо, инаку креативен директор на Givenchy. Леа Т. го сменила полот во 2012 година, откако ја направила тешката операција во Тајланд. Се фотографирала за Vogue, Interview, Love Magazine и Cover Magazine. Денес е заштитно лице на модниот бренд Redken.
Леа е првиот професионален транссексуален модел.
Кармен Дел` Орефис – годините немаат важност
Таа навистина делува моќно. Кармен Дел` Орефис е родена 1931 година и до ден денес професионално се занимава со мода. Според Гинисовата книга на рекорди, Кармен е моделот со долготрајна кариера (од својата 15. година).
Позната е по тоа што редовно се фотографирала но му била инспирација и на Салвадор Дали. И покрај годините таа се занимава активно со мода и изгледа не помалку импресивно од порано, исто како и фотографиите што значат нежност, грациозност и висок стил.
„Како модел, немав идентитет, бев камелеон, тивка актерка, аморфно суштество без индивидуалност. Не бев како девојките од насловните страници“ вели таа за своето минато.