3.8 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2025
spot_img

„Тој и Таа“, интернет проект на театарот „Јодан Хаџи Константинов – Џинот“

Театарот „Јодан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес го најавува пионерскиот интернет проект „Тој и Таа”, производ на културата во време на физичка изолација, единствен од својот вид, настанат преку вмрежување на интернет платформите и перформативноста.
Овој уникатен проект, продукција на велешкиот театар, е уметнички одговор на кризата, производ на културата во вирусна состојба чија цел е преку максимално користење на комуникацијата која ја овозможува интернетот да се истражува изведбеноста во нестандардни облици.
Од технолошки аспект, проектот е изведен на тој начин што: пробите се изведуваат „онлајн“, потоа, актерите се снимаат себеси (најчесто со своите мобилни телефони) и на крајот, во процесот на монтажа, се обликува видео дијалогот. Приказната ја носат шест парови чии меѓусебни односи интермедијално се поврзуваат во единството на карантинската приказна.
„Тој и Таа“ е единствен производ од својот вид. Предвидени се дванаесет епизоди кои театарот еднаш седмично, во ист термин, почнувајќи од сабота, 09.5.2020 во 20:00 часот ќе ги поставува на својата официјална веб страница.
Режијата на проектот ја потпишува Деан Дамјановски, драматургијата Сашо Димоски, а видеодизајнот и монтажата Филип Коруновски. Во проектот учествуваат актерите: Благојчо Стојанов, Талија Настова, Васил Зафирчев, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Зорица П. Панчиќ, Симона Димковска, Слободанка Чичевска, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски и Кети Борисовска.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена