Традиција на велигденското тесто
Велигденска погача
Потребно е: 1,5 кг брашно, 1 коцка свеж квасец, 100 г путер или маргарин, 50 г шеќер, 2 јајца, 3 жолчки, 2 кесички ванилин шеќер, 2 дл млеко, рендана кора од лимон и сол.
Во млако млеко измешајте го квасецот со малку шеќер, а потоа оставете го да зоврие. Во половина килограм брашно додајте растопен путер или маргарин, шеќер, 2 јајца, 3 жолчки, малку сол, кора од лимон, ванилин шеќер и 2 дл млако млеко. Сето тоа добро замесете го и оставете го на топло да кисне. Скиснатото тесто поделете го на два дела. Обликувајте погача и во средината оставете место за јајце. Оставете го на топло да скисне уште малку. Печете во рерна загреана на 170 степени околу 30 минути. Кога ќе биде погачата готова, премачкајте ја со малку растопен путер и додајте го јајцето за декорација.
Колач со мак
Потребно е: 1 маргарин, 500 г шеќер, 4 жолчки, 4 белки, 300 г брашно, прашок за печиво, 250 г мак и 300 г млеко.
Маргаринот се мати со шеќерот, се додаваат жолчките и белките матени посебно, млекото, макот и брашното со прашокот за печиво. Се прелева со чоколадо.
Милиброд
Потребно е: 1 килограм брашно, 2 коцки квасец, 600 г млеко, 400 г шеќер, 4 жолчки, 100 г маргарин, 1 кафена лажица сол, 2 лажици рум, сок од еден лимон и рендана кора.
Тестото кисне двапати. Пред печењето се мачка со белките и се става сусам. Во тестото по желба се ставаат суво грозје, желе или сечкани ореви. Тестото може да се филува со џем и да се витка во ролат.
Заплетено јајце
Потребно е: 400 г брашно, 20 г свеж пекарски квасец, 10 јајца + 1 жолчка, 1 црвена репка, 1 лимон, 1 дл млеко, 100 г шеќер во прав, 150 г путер, 1 лажица фина сол.
Умерено загрејте го млекото, одвојте ? дл и помешајте го со квасецот. Додајте толку брашно колку што е потребно за да добиете мека смеса. Покријте со кујнска крпа и оставете го да стасува 15 минути. Преостанатото брашно ставете го во сад, додајте го стасаниот квасец, преостанатото млеко, шеќерот, коричка лимон и сол. Месете со прсти. На смесата додајте 2 јајца и продолжете да месите додека не добиете масно тесто. Работната површина попрскајте ја со брашно и месете го тестото, додавајќи го омекнатиот путер. Кога тестото ќе се стврдне, ставете го во сад, покријте го и оставете го 1 час на топло. Осум јајца сварете во вода, во која ќе додадете парчиња цвекло. Кога ќе зоврие водата, јајцата нека се варат уште 6 минути на тивок оган. Кога јајцата ќе се изладат во водата, исцедете ги и избришете ги. Повторно измесете го тестото на набрашнетата површина. Поделете го на 8 делови по 100 г, па секое парче поделете го на уште 3 дела: по 2 од 40 г и еден од 20 г. Обликувајте 8 топки од тесто со тежина од 40 г и израмнете ги така за да се добијат ниски кругови со радиус од 4 см. Распоредете ги на плехот премачкан со путер и посеан со брашно. На секој круг од тестото ставете 1 јајце. Од парчињата тесто тешки 20 г направете лентички долги 12 см и обликувајте ги во плетенка. На секое јајце ставете по 2 ленти, а наоколу обвиткајте ја плетенката. Кошничките покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да отстојат 45 минути на топло. Премачкајте ги со жолчки и печете ги 15 минути во рерна, на 210 степени Целзиусови. Нека се изладат на решетката.
Венче-плетенка
Потребно е: за тестото: 20 г квасец, 2,5 дл млеко, малку сол, 60 г шеќер, 600 г брашно+ за плехот, 1 јајце, 100 г путер + за плехот, лимон; за премачкување: 1 жолчка, 3 лажици млеко, 100 семки сончоглед за украсување.
Замесете го тестото. Кога ќе стаса, премесете го и обликувајте го во 3 колбаси, кои ќе ги сплетете во плетенка, па краевите ќе ги споите и цврсто ќе ги стиснете. Ставете ги на намастен и набрашнет плех, па премачкајте ги со смеса од жолчки и млеко, па посипете ги со семките од сончоглед. Кога повторно ќе стаса тестото, печете го 25-30 минути во рерна, загреана на 180 степени Целзиусови. Во средината ставете вапсани јајца.
Мал совет: венчето нема да се сплесне, ниту да се спои, ако во средината ставите лонче, кое однадвор е намачкано со масло и брашно.
Куглоф
Потребно е: 40 г квасец, 1/8 л млако млеко, 250 г меко брашно, 140 г шеќер, 100 г путер, 5 јајца, малку сол, 100 г мелени бадеми, 100 г суво грозје, свежо рендано морско оревче, изрендана кора од половина лимон, 50 г мелени ’фстаци, уште 70 г суво грозје, рум, 80 г трошки од бисквити; додатоци: 2 лажици бадеми исечкани на ливчиња, шеќер во прав за посипување.
Измиеното суво грозје потопете го во рум. Замесете го тестото од квасец, брашно, шеќер, јајца, сол и путер, па оставете го на топло за да стаса. Калапот со волумен од 1 литар намачкајте го со масло и посипете го со брашно, па покрај ѕидовите втиснете ги бадемите, исечкани на ливчиња. Премесете го тестото, додајте ги сите други состојки и ставете ги во калапот. Печете 55-60 минути, во рерна загреана на 180 степени Целзиусови. Изладениот куглоф посипете го со шеќер во прав.
Foto- pixabay
Коментарите се затворени