Трикови за лесно слабеење
Постојат стотици, ако не илјадници совети како да го изгубите вишокот килограми, а сите се напишани од стручњаци кои тврдат дека нивните препораки се најдобри. Диетите се добри, но тие се продукт на туѓото искуство кое не мора нужно да ви одговара.
Тајната е во следново: задржете ги досегашните прехранбени навики и со мали промени почнете да губете килограми.
*Пијте кафе – американските научници тврдат дека кафето го намалува ризикот од дијабетис, а го намалува и апетитот.
*Служете ја храната во чинии – истражувањата покажале дека сервираното јадење на чинии значи и 35 % помалку јадење во однос на сервирањето во големи садови за време на целиот оброк.
*Внимавајте што пиете – просечен човек во текот на денот пие повеќе од 400 калории, па затоа во наполност би требало да ги исфрлите напивките со шеќер или вештачките засладувачи. Ако пиете само вода, во просек за една година може да изгубите и до 18 килограми.
*Потсетување – британските научници утврдиле дека луѓето кои размислуваат за својот последен оброк пред некое јадење внесуваат околу 30 отсто помалку калории отколку луѓето кои веднаш се фрлаат на јадење. Тоа значи, потсетувањето на ручек доволно ќе ве засити за да не претерате со вечерата.
*Јадете протеини – научниците докажале дека луѓето кои јадат храна богата со протеини губат побрзо и полесно килограми отколку луѓето кои не практикуваат таква храна во исхраната. Протеините го забрзуваат метаболизмот и помагаат да јадеме помалку наредниот оброк.
*Јадете леб со семки – семките се богати со влакна и помагаат во варењето на храната, и ве штитат од карцином и срцев удар.
*Јадете риба – рибата изобилува со незаситени масни киселини и минерали што му се потребни на нашето тело. Некои студии покажаа дека луѓето кои редовно јадат риба еднаш неделно имаат помали шанси да заболат од Алцхајмер и имаат поголема ментална флексибилност и подобро помнење од луѓето што не ја консумираат.
*Не јадете пред ТВ – оние што јадат пред ТВ внесуваат 288 калории повеќе од оние што јадат на маса, покажа истражувањето на Универзитетот во Масачусетс.
*Не брзајте – луѓето кои јадат побавно внесуваат помалку храна во себе зашто му даваат време телото да почне да излачува хормони што даваат чувство на ситост.
*Вежбање – британските научници утврдиле дека ако вежбате пред секој оброк, храната која ќе ја внесете потоа побрзо ќе ве засити.
*Јајца – луѓето кои појадуваат јајца во тек на денот внесуваат 264 калории помалку отколку оние што појадувале печиво. Причината е во тоа што протеините заситуваат повеќе од јаглеродните хидрати.
Фото: Pexels
Коментарите се затворени