5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Три рецепти. Мусака со пиперки, млада боранија и со блитва

Мусака со млада боранија

Потребно е: половина килограм боранија, 250 г мелено месо, 1 главица кромид, 4 чешниња лук, 2 јајца, 200 мл павлака, 100 мл млеко, сол, црн пипер.
Пропржете го месото, посолете и посипете со црн пипер. Во друго тавче пропржете ги ситно исечканиот кромид и лук и додадете боранија, што ќе ја динстате се додека не омекне. Во подмачкана тепсија прво сипете половина од смесата со боранија, врз неа ставете го месото, и повторете ја постапката. Изматете ги јајцата, павлаката и млекото и полијте врз мусаката. Печете во рерна загреана на 200 степени.

Мусака со блитва

Потребно е: Неколку врзопчиња блитва, кромид, 300 г мелено месо, 1 морков, сол, црн пипер, 2 јајца и кисело млеко.
Листовите од блитва измијте ги, исечете ги на поголеми парчиња и кратко варете во зовриена вода. Кромидот и морковот пропржете ги, а потоа додадете мелено месо и зачинете со сол и црн пипер.
Распоредете ги листовите блитва во огноотпорен сад, па додадете го месото и така наредете неколку слоја. Изматете јајца и додадете го киселото млеко, избодете на неколку места, за да се впие убаво, и печете.

Мусака со месо и со печени пиперки

Потребно е: 20 печени црвени пиперки, 300 г мелено месо, 6 јајца, 2 лажици кисела павлака, масло, магдонос, сол и црн пипер.
Претходно испечените и излупените пиперки посолете ги- секоја посебно, па извалкајте во брашно и јајца.
Наредете во тавче по два реда пиперки.
Меѓу пиперките ставете го претходно испрженото мелено месо, и на крај- смесата со јајца, павлака, мирудии и сечкан магдонос.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена