На детскиот избор за убавина Little Miss&Mister Galaxy 2019, што се случуваше во Банско, Бугарија, победи 8 годишниот Садат Јакупи, (во неговата возрасна категорија) кој ја претставуваше Македонија.
Освен оваа тој доби уште една титула – Top Model Galaxy 2019.
Малиот Садат е член на Модното студио „Црнокрак“, чиј директор Мики Црнокрак доби награда за национален директор, и тоа трета година по ред.
– Прекрасно е да ја претставуваш Македонија надвор од границите а притоа, кога дома ќе се вратиш со награди, задоволството е огромно, вели Мики. – Нашиот Садат заслужено ја доби наградата, никој од жирито не остана рамнодушен на неговата убавина и шарм. Освен тоа, привлече внимание и со своето однесување за време на целиот настан, и кон организаторите и кон своите другарчиња. Во оваа прилика му се заблагодарувам на Ансамблот „Кочо Рацин“ од Скопје кои обезбедија народна носија за Садат и на ЈП „Паркови и зеленила“ кои ни помогнаа при подготовките за овој интернационален детски фестивал.
Коментарите се затворени