4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Трогателна роденденска честитка на Јулија до ќерка и Андријана: Ќе ја победиш болката

Родена како оптимист, секогаш полна со верба и живот, ова утро Јулија на својот ФБ- статус и го честита роденденот на ќерка и Андријана.
Роденден -да, но поинаква, трогателна честитка, затоа што го живеат најголемото премрежје, бидејќи Андријана има канцер.

Јулија не плаче, туку е полна со верба и надеж дека и ова, како и многуте болки, ќе помине. Патем, кога е болест во прашање, кај нас сеуште владеат табуа, како да се влегува во некоја забранета зона. Табуто на болеста и предрасудите на Балканот спречуваат да се стигне до вистинска информација, ама и да се подаде рака на помош.

И го честитаме на Андријана роденденот, и посакуваме победа и триумф над болеста. Ќе победи, затоа што е дете на победничка!
А за следната нејзина изложба, одсега ги резервираме местата.

Ви ја пренесуваме честитката на Јулија во целост.

И ова утро, сонце мајкино започнува со помислата на тебе… ќе го славиме твојот ден, твојот роденден, кој ти е дар од бога. Денот кој ме потсеќа на мојот најголем подарок од Бога, кога првпат го слушнав твојот плач, кога првпат те здогледав и се одушевив од моето бебе.
Овој роденден се разликува од сите досега, зашто си ставена на големо искушение, а и ние со тебе, сонце наше. Ни престои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме, како и многу пати досега. Ти нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет…секогаш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор …ти сонце мое и сега кога ги трпиш најголемите болки, велиш- ќе биде добро, ќе помине…свесна, присебна…велиш дури сега се соочив со стравот, дури сега го осеќам Божјото водство и знам дека ова е за мое најголемо добро…Ќе се спријателам со канцерот и потоа ќе се поздравиме, како најдобри пријатели и ќе продолжиме секој по својот пат…
Љубов моја, нема да пишувам фермани, жалопојки, зашто доста испативме, но да ти ветам нешто малку е…ти знаеш, јас знам и те гледам како ПОБЕДНИК.
Те сакаме со сето срце, јас и Стеф.

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена