Од 24 до 28 октомври во Скопје се одржува Фестивалот на современ грчки филм и култура- беше соопштено на денешната средба со новинари. Програмата се сости од 6 прилично нови долгометражни грчки играни и документари филмови од последните години а неа ја правеа двајца грчки филмски автори, Димитрис Захос и Христос Каракепелис.
Програмата е доста разнолика, отсликувајќи ја тамошната општествена стварност, проблемите на обичните луѓе, а секако е и еден вид на пресек што се случува во грчката филмска продукција последните години.
Оваа година имаме и еден голем ексклузвитет кој го најавувам за прв пат овде. Тоа е специјалниот концерт на еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години, бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе одржи концерт во клуб ресторанот МКЦ. Тие имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови.
Фоивос Деливоријас, еден од најпознатите и најомилени грчки композитори и текстописци во неговата земја. Тој ќе претстави 15 познати песни и мелодии од грчки филмови, раскажувајќи расказ за секој од нив во исто време.
Станува збор за амблемски песни, кои се дел од Дасиновата „Фаедра“, „Ремпетико“ на Фери, Казановиот „Америка Америка“, „Јастог“ на Лантимос или во старите популарни грчки мјузикли и филмовите на Теодорос Ангелопулос, кои го водат слушателот на имагинарно патување во филмска индустрија, која патувала надвор од границите на Грција.
Теодоракис, Чацидакис, Атик, Кипургос, Плесас, Краунакис, Момчето… Една мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е всушност придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје.
Фоивос Деливоријас во овој потфат е придружуван од Нефели Фасули (вокал), Андонис Сусамоглу (виолина), Гиоргос (Giorgоргос) Кацанос (клавијатура).
Коментарите се затворени