Годинава, се снимаше 28-мото издание на „Охрид фест“: двете вечери, и Фолкот и Интернационалната се случуваа во една долга охридска, долносарајска ноќ.

Перо Христов и Цане Петров, уметничкиот директор на Фолк вечер
На Фолк вечерта, низ која што водеше Каролина Петковска, слушнавме 16 песни, а наградените интерпретатори се: Перо Христов- прва, Ирена Списовска- втора а Барбара Јаковлеска трета награда од жирито.
Самите пејчи ги изгласаа наградите од публиката, па така Благица Павловска се пласира на прва, Дарко Билбиловски на втора а Јагода Крнетиќ- Јефтиќ на третата позиција.

Благица Павловска

Барбара

Благоја Грујовски и Сани
Наградата за сценски настап им припадна на дуетот Баже Груевски и Сани, песната „Љубов вечно да не грее“ што ја изведе Петар Нечовски ја доби наградата за најтрубадурска, нагарадата за интерпретација и припадна на Ирена Спасовска а најдобриот аранжман е на Дејан Милинковски за песната што ја пееше Ибуш Ибраимовски.

Григор Копров со гостите- Дарко Капо, Срѓан Марјановиќ, Божидар Волф, Миро Чекелиќ и Владо Калембер
Интернационалната вечер ја водеше Маријана Станојковска а наградите им припаднаа – за аранжман, на Кристи Паша што ја пееше гостинка од Албанија, Рина Рамадани.
Жири комисијата своите гласови им ги даде и на Славен Кнезовиќ (трета награда), втората ја доби Филип Јордановски а првата му припадна на Владо Калембер.

Предизвикаа најмногу внимание поради физичката сличност- дуетите од Словенија и Бугарија

Јована Ражнатовиќ го освои жирито со песната „Конте“
За најдобар дебитант е прогласен Дарко Капо, наградата „Аце Ангелески“ му припадна на дуетот од Бугарија- Expose, а наградата Долни Сарај ја доби Мелани.
Наградата „Драган Ѓаконоски Шпато“ им припадна на дуетот од Словенија, Инес Ербус & Давид Амаро, а Мирослав Рус ја доби наградата за промоција на музика на Балканот.

Претставниците на публика ги изгласаа: Божидар Волф- трето место, Владо Калембер- второ а гостинката од Црна гора, Јована Мустур Ражнатовиќ со песната „Конте“ се пласира на првото место.

Наградата за Мирослав Рус ја подигна Владиката Пимен

