Хороскоп за 2020: Година на големи и убави промени
Овен
Минатата година бевте многу вредни но 2020-та е година на Вашиот просперитет и среќа. Вие сте знак кој се потпира исклучиво врз себеси, и токму затоа успехот што ќе го доживеете е исклучиво вашата заслуга. Ќе имате голем поттик за остварување на сите амбиции. Со среќа!
Бик
Елементот на Земјата управува со 2020. година а тоа значи дека вие како земјен знак имате шанса за успешна кариера и остварување на финансиска благосостојба. Можете да рескирате и да прифатите примамлива финансиско- пословна понуда, ве очекува остварување на голем сон.
Близнаци
Вие секоја промена ја дочекувате со голема радост и оптимизам, па и оваа година ќе биде таква за вас. Без особени промени, и понатаму ќе бидете вредни и полни со желба животот да го исполните со некаква авантура, патување, дружење. Ве очекуваат убави познанства во 2020 година.
Рак
Успехот ги очекува оние Ракови кои се подготвени за работа на себеси, да тргнат храбро кон целта. Година идеална за обновување на старите врски, совршен период за смирување со семејството, и за завршување на планови од минатото. Обидете се да го вратите она што ви недостига.
Лав
Лавовите пред себе имаат тешка но многу важна година, период кога треба да покажат упорност и креативен потенцијал. Нешто треба да се смени, затоа што ве очекува период на големи промени (професија, пријатели, живеалиште). Не се плашете, секоја промена е почеток на добри, позитивни мисли.
Девица
Долго чекавте животот да ве награди за трудот што го вложивте, и сега е време да се соберат плодовите, особено во приватниот, љубовниот живот. 2020 година ви носи склад и хармонија, а среќата особено ве очекува ако планирате венчавка или проширување на семејството. Штркови во најава!
Терезија
Досега ја следевте рутината во работата, грижите и љубовта. Конечно оваа година ви носи преубави промени. Подгответе се на потполна промена во животот во која навистина ќе уживате. Конечно ќе можете да се опуштите, да почувствувате мир и хармонијатата што ќе ви ја даде саканата личност.
Скорпија
Животот не ви е интересен како што ви беше некогаш? Дојде време за промени, а оваа 2020 година е најдоброто време животот да го видите и од поинаква, поубава перспектива. Скорпиите секогаш оделе против правилата, затоа што знаеле да ги уриваат стереотипите. Ќе уживате во предизвиците!
Стрелец
Иако цело време уживате, длабоко во себе знаете дека ви недостасува „она нешто“ за да среќата ви биде потполна. Годинава ќе го најдете „тоа“. Се ќе се смени драстично, но во ваша корист. Ова го чекавте цел живот, и не размислувајте.Токму поради тоа ќе го смените местото на живеење.
Јарец
Иако сте доста ладни и рационални, минатата година заборавивте на себе, и токму во 2020 година ќе се вратите на важните нешта. Ќе имате прилика и шанса да остварите долгоочекуван сон, но и да се извините за големата грешка што ја направивте. Ќе спиете помирно, дефинитивно.
Водолија
Ќе имате прилика да ја достигнете целта за која мечтаевте цела година. Оваа година ќе биде добра да се сконцентрирате на она што е најважно. Бидете храбри, победете го стравот, останете свои и на крај, се ќе дојде на свое место. Семејството е секогаш со вас, бидете спокојни.
Риби
Оваа година ќе ги ослободите своите внатрешни потенцијали, а ќе дојдат до израз долгогодишните желби и копнежи. Освен тоа, во вашиот живот ќе се појави личност која на некој начин ќе ви го смени животот, на подобро, се разбира. Ќе ви помогне да се опуштите и – да останете позитивни!
Извор: Lovesensa/Stil
Коментарите се затворени