Хранлива салата со авокадо
Поребно е: авокадо, домат, неколку маслинки, маслиново масло, китка рукола, 100 грама урда, семки од лен и сончоглед, балсамико и маслиново масло.
Авокадото се лупи и сече на покрупни парчиња, исто како доматот. Се додаваат сите набројани продукти, испраната рукола и на крај се става урда, маслинки, маслиново масло, балсамико и семки. Убаво се промешува и -по желба се додава сол.
Одлично оди со препечен леб.
Оваа салата е многу хранлива и заменува оброк. Доколку сте многу гладни, додадете варено јајце.
Коментарите се затворени