„Узун за Момо“, хуманитарен концерт во соработка со Црвен крст на град Скопје ќе се одржи на 17. февруари (недела) во 18ч во салата на хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ во Скопје. На нашиот колега Момо Николовски му се потребни финансиски средства (од 20 до 25 000 евра) за лекување во странство.
Влезот е бесплатен а во салата ќе биде изложена кутија за донација од Црвен крст.
На концертот ќе учествуваат учениците и долгогодишни пријатели на Узун : Уни бенд од Валандово, Јасмина Гуњова, Кирил Узунов, Горан Симевски и Кристијан Демјански придружувани од маестро Бранко Коловски а водител е Катерина Стојановска-Десковска.
Ова е покана до сите колеги од македонската естрада, доколку се во можност да учествуваат на концертот.
Доколку некој сака да донира средства а неможе да присуствува на концертот ова се телефоните за донации 143- 462 ВИП и 143- 123 T-mobile.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени