Популарната актерка Ева Рас, на публиката позната и по своите вонсериски романи и силна пишувачка имагинација е добитничка на наградата за роман во ракопис, на 62. Меѓународен конкурс на Сојузот на еврејските општини на Србија. Наградениот роман е „Галактичка Еврејка“.
Инаку, ова е најстар книжевен конкурс во Србија, кој на иницијативата на тогашниот Сојуз на еврејските оштини на Југославија, др Алберт Вајс, е создаден 1954 година и во континуитет трае и денес. Лауреати и членови на жирито до сега беа најпознатите луѓе од јавниот живот, култура, наука книжевност а меѓу нив беше можеби и најголемиот, Данило Киш.
Овогодинешното жири го сочинуваа референтни уметници и книжевни критичари – проф.др Милан Ристовиќ, Богдан А. Поповиќ и Филип Давид.
-Бидејќи сум актерка која направи успешна метаморфоза и стана писател, моите книги не му се допаѓаат на писателскиот естаблишмент а реакции ќе има и на мојот нов роман „Галактичка Еврејка“, како и на сите мои 25 книги- вели Ева. „Но, фала му на господ, читателската публика не е книжевен естаблишмент. Среќна сум што ја напишав оваа книга, да имам со што да ја одбележам 60. годишнината на уметничката работа. Овие 60 години на уметничката работа се како „громада“ на мојот грб, со сите можни драми и трагедии. И, најубаво ми е што успеав да ја изведам таа метаморфоза, па од актерка станав писателка.“
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени