Чешит. Жената се мажи со цел да го смени мажот, а тој сака неговата драга да остане непроменета
Мажите и жените, како што тоа вообичаено се констатира, се како суштества од две различни планети – погледнете ги најсмешните разлики
1. Брак
– Жената очекува дека ќе го смени мажот откако ќе се земат, но тоа никогаш не се случува.
– Мажот се жени и очекува неговата сакана никогаш да не се смени, но тоа задолжително се случува.
2. Загрижени за иднината
– Жената се грижи за иднината се` додека не си најде маж.
– Мажот не се грижи за иднината, барем додека не најде жена.
3. Успех
– Успешниот маж е оној што заработува повеќе отколку што неговата жена може да потроши.
– Успешна жена е онаа што може да најде таков маж.
4. За децата
– Жената знае се` за своите деца – кога се на стоматолог, какви им се оценките во училиште, кога имаат натпревар итн.
– Мажот е информиран за тоа дека во куќата живеат уште мали луѓе, за кои сепак не знае многу.
5. Работите што се помнат
– Женет маж не ги помни своите грешки. Нема смисла тоа да го помнат двајцата.
6. Прекар
– Ако Ели, Жане и Марија излезат на ручек, тие ќе се ословуваат со имињата, прекарите или нешто слично – мила, мази, златна и сл.
– Ако Петар, Александар и Костадин излезат, ќе се слушаат имиња како што се – идиот, дебел и слични, но многу непристојни прекари.
7. Плаќање
– Кога доаѓа сметката, Петар, Александар и Костадин вадат по 300 денари секој, иако вкупната сметка е 800 денари.
– Ели, Кети и Марија пресметуваат, враќаат кусур и сл.
8. Во бањата
– Во машката бања има приближно 6-7 работи – четка за заби, паста за заби, шампон, пена за бричење (може и без неа), сапун, бањарка и евентуално чешел.
– Во женската бања можат да бидат отворени околу 50 различни и уникатни предмети, од кои просечниот маж препознава околу 20.
9. Кавги
– Во секоја кавга, жената го има последниот збор.
– Во кавгата мажот, ако е на место, може да ги има последните два збора – „Да, драга“.
Фото- Paxabay
Коментарите се затворени