Чорба од костени
Потребно е: 300 г костени, 250 г пилешко, 100 г моркови, 30 мл млеко, 50 мл масло, малку магдонос, 1 коцка за супа, 2 жолчки, 60 г брашно, 30 г целер, сол и црн пипер.
Во масло се пропржува исчистениот зеленчук, потоа се посипува со брашно, се пржи додека брашното добие боја. Се става путер и литроипол вода, се додава коцка за супа, сол и црн пипер и се става на оган да се вари. Пилешкото месо се сече на мали парчиња што се пропржуваат во малку масло, а потоа се додава во супата што врие. За тоа време се варат костените, се лупат и се гмечат или пасираат. Сварената супа со зеленчук се миксира или пасира, па се додаваат костените и изматената жолчка со малку млеко. Потоа на тивок оган се остава чорбата да проврие додека да згусне, при што постојано се меша. Ако чорбата е многу густа, се додава вода. Според друга варијанта, пилешкото месо не се додава во чорбата, туку пред служењето се става одозгора.
Коментарите се затворени