Шарл Азнавур ќе биде погребан во манастирот во областа Монфор л Амори, во близина на Париз, што беше желбата на големиот уметник. Таму, Шарл Азнавур имаше куќа во која честопати си поминуваше со своето семејство.
„Иако сум ерменец, мојата земја е Франција, а во манастирот од XII век во Монфор-л’Амори имаме посебна мала семејна гробница“, велеше тој уште додека беше жив.
Од Елисејската палата ја разгледуваат можноста да ја организираат церемонија со која ќе се покаже почитта кон починатиот изведувач.
Настанот може да се совпадне со состанокот на Меѓународната организација на Франкофонијата, кој ќе се одржи во ерменскиот главен град на 11 и 12 октомври, на која ќе присуствува и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Во меѓувреме, ерменскиот премиер Никол Пашинија објави дека ден на жалоста ќе биде објавен на денот на погребот на големиот уметник .

Шарл Азнавур, роден како Шанхур ВаринагАзнавуриан, почина во понеделникот на 94 години, во својот дом во Алпил, објавија француските медиуми. Во кариертата долга над 70 години, тој продал повеќе од 100 милиони плочи во 94 земји ширум светот. Снимил 1.200 песни а неговата музика е користена во повеќе од 80 филмови, а неговите песни беа изведувани на седум јазици. Неговите песни ги изведуваат ѕвездите како што се Боб Дилан, Елвис Костело, Пласидо Доминго, а CNN своевремено го прогласи за „забавувач на векот“.
Извор- 24 часа.бг, Блиц.бг

