Шеф Горан Филипов: Чорба од тиквешки сом
Сом од 2-3кг. се сече на парчиња и се става да се вари. Кога ќе биде готов, се процедува (чувајте ја супата) и се остава рибата да се излади. Во другото тенџере, на загреано масло се пропржува кромид, пиперка, морков и целер, а на крај се додава сува издробена пиперка и пипер. На пропржениот зеленчук се додава супата, а потоа внимателно се става и месото.
Чорбата се зачинува по вкус и се вари уште малку. Превкусна е со тиквешки сом, но можете да ја правите со било кој вид риба. Добар апетит!
Коментарите се затворени