Шеф Игор Каспер: Англиско мени- Неделно печено (Sunday Roast)
Неделното печено- Sunday Roast, што се јаде и во делник, стана познато за време на владеењето на кралот Хенри VII во 1485 година кога Британците консумираа значителна количина месо. Инаку, Yeomen of the Guard – кралските телохранители – се познати како „Beefeaters“ од 15 век, поради нивната љубов кон печеното говедско месо.
Во 1871 година, Вилијам Кичинер, автор на „Apicius Redivivus: Or, The Cook’s Oracle“, препорача да се консумираат 6 килограми месо неделно, како дел од здравата исхрана.
Киченер, исто така опишува како да се пече „благородното филе од околу петнаесет килограми“ за четири часа. Овој метод бараше голем камин за да се нахрани големо домаќинство.
Помалку богатите го немаа луксузот на голем камин или пари за многу месо. За многумина, помало неделно печење се пушташе кај пекарот на пат до црквата и се готвеше во рерните за леб (лебот не се печеше во недела). Со пристап за сите да готват месо, традицијата на британскиот неделен ручек започна и продолжува и денес.
Сеприсутниот партнер на печењето беше, и сe уште е, пудинг од Јоркшир. Пудингот не се служеше покрај месото како што често се гледа денес. Наместо тоа, тоа беше предјадење послужено со многу сос.
Состојки:
Телешко месо
Јокшир пудинг (слично на мекица)
Компир
Грашок
Карфиол
Морков
Сосови:
Бешамел за карфиолот
Еспањол за месото
Слатко кисел за зеленчукот
Коментарите се затворени