Шеф Игор Каспер ексклузивно од Лондон: Викторија чаен, кремаст колач
Пандишпанот беше еден од првите видови колачи што се прави без квасец, а терминот „пандишпан“ доаѓа од „отвореноста“ на тестото слично на сунѓер. Тој стана врв на британската култура на храна благодарение на Ен Расел, седмата војвотка од Бедфорд и, се разбира, на самата кралица Викторија.
Во 19 век, „висок чај“ односно вечерниот оброк се пиел околу 20-21 часот, а Ана често се жалела дека е гладна околу средината на попладневните часови, бидејќи тоа било долго чекање помеѓу ручекот и чајот. Поради тоа, таа побарала да и донесат чај и лесна храна за да ја задоволи гладта.
Таа почнла да ги кани своите пријатели на овој попладневен чај, а една од нив беше кралицата Викторија. Кралицата ја одобри новата практика на попладневно уживање и тоа стана тренд меѓу повисоките класи.
Кралицата Викторија набрзо станала голема обожавателка на попладневниот чај, а се зборувало дека често уживала во чоколадни „сунѓери“, „обични сунѓери“, бисквити, петти фор, слатки од бадеми и многу други слатки задоволства. Но, обичниот пандишпан, познат како сендвич колач со фил од џем и павлака, поправен со шеќер, беше врв и затоа беше именуван во нејзина чест.
Состојки
За падишпан
200 гр шеќер
200 гр омекнат путер
4 јајца, изматени
200 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
2 лажици млеко
За филот
100 гр путер, омекнат
140 гр шеќер во прав, просеан
капка екстракт од ванила (опционално)
половина тегла од 340 гр квалитетен џем од јагоди
шеќер во прав, за украсување
Коментарите се затворени