2.8 C
Skopje
вторник, јануари 28, 2025
spot_img

Шеф Игор Каспер: Сендвич со колбаси за појадок

Иако се јаде во секој дел од денот, сендвич за појадок е уживање и добра енергија за обврските што не очекуваат… Сендвич за појадок се служи во ресторани за брза храна и сувомесни производи, се продава во супермаркети и најчесто се прави дома. Различни видови на сендвичи за појадок вклучуваат сендвич со сланина, сендвич со јајца и сендвич со колбаси; или разни комбинации од нив, како сендвич со сланина, јајца и сирење.
Сендвичот за појадок е поврзан со ролатот за појадок. Иако состојките за сендвичот биле вообичаени елементи на оброците за појадок во англиското говорно подрачје со векови, дури во 19 век во Соединетите Држави луѓето почнале редовно да јадат јајца, сирење и месо во сендвич, она што подоцна ќе биде познато како „сендвичи за појадок“. Првиот познат објавен рецепт за „сендвич за појадок“ од американски готвач бил од 1897 година.
Што се однесува до Британија, одете во кое било британско кафуле или ресторан помеѓу 07:00 и 08:00 часот наутро, во работен ден, и таму ќе ви нарават сендвич со
колбас, сендвич кула со кечап.
Ова не е ништо премногу фенси, обичен стар, средно исечен бел леб, намачкан со путер, два пржени свински колбаси исечени на половина и црвен или кафеав- браун сос одозгора. Процедурата е следна: цврсто притиснете го сендвичот, исечете го на половина и послужете со шолја англиски чај .
Не можам да ви кажам колку од овие сендвичи проголтав во последниот период, и целосно уживав во секој од нив.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена