Потребно е: 4 шницли од свински врат, 4 лажици мед, 750 г компири, 4 главици кромид, 2 лажици мешавина зачин за свинско печено, масло и сол.
Истенчените шницли се прскаат со мешавината за свинско месо и со масло и се оставаат да отстојат 30 мин. На дното на сад за печење се ставаат компирите, излупени и исечени на тркалца, а преку нив главици кромид, и се посолува. Шницлите се ставаат преку кромидот и се прелеваат со 150 мл вода во рерна загреана на 250 степени.
Кога месото ќе порумени, се врти на другата страна и се прелива со медот, и повторно се враќа во рерна.
фото/taste of the south