-3.2 C
Skopje
вторник, април 8, 2025
spot_img

Што прават остарените мравки? Откако ќе им се потрошат забите, вредните мравки се пензионираат и стануваат транспортери

Научницита открија дека еден вид мравки се пензионираат откако нивните заби со кои гризат листови, ќе се истрошат. Истражувачите од Универзитетот „Орегон“ велат дека затоа постарите мравки помалку ги гризат листовите, но повеќе ги пренесуваат.
Мравките кои гризат листови се „земјоделци“ во светот на инсектите. Секоја вредна мравка може да исече и да понесе парче лист 50 пати потешко од нејзината сопствена тежина. Тие создаваат минијатурна колона, за да си ја однесат жетвата дома, каде што лисјата се користат како подлога за габите од кои се храни колонијата.
Но, кога острите вилици на мравките почнуваат да се изабуваат од старост, импресивната тимска работа забавува. Научниците открија дека на постарите мравки им е потешко да се зацврстат и да ги сечат листовите.
Сепак, поглед одблиску кон нивното однесување открива дека мравките чии заби биле целосно истрошени, си ја смениле улогата во колонијата. Тие им го оставаат сечењето на младите, додека тие преземаат да ја носат жетвата на долгиот пат до дома. Истражувањето навестува дека во вакви организирани инсект-општества индивидуалните членови може да се приспособат и да останат корисни дури и ако нивните физички способности опаѓаат.

(Би-Би-Си)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена