Една од главните работи во животот е љубовта, сакаме и сонуваме за идеален партнер, некој што ќе почувствува, разбере и без да му кажете. И расправиите околу љубовните стилови се евергрин приказни. И кога ќе го спомнеме зборот љубовник, не размислуваме само на перформансите во креветот. Идеалниот љубовник по дефиниција мора да задоволува во сексот, но и во останатите животни аспекти.
Со оглед на тоа дека секому одговара нешто поинакво и дека во тој контекст сите ние сме прилично различни, не постои единствен вид на љубовник, за кој, баш сите би имале потреба.
ВИДОВИ НА ЉУБОВНИЦИ
Романтичен (еротски) љубовник
Опседнати сте со личноста во која сте вљубени и постојано мислите само на него. Ве привлекува сексуално. Опасна работа! Љубоморни сте, премногу дозволувате и постојано барате докази дека ве сака. Ваквата љубов обично трае неколку месеци.
Практичен (разумен) љубовник
Тој има логичен и практичен пристап кон жената која ја љуби, а на ист начин ја изразува и својата љубов. Внимателно и разумно ја бара „вистинската личност“ за себе, некој со заеднички интереси, сличен степен на образование, еднакви ставови врзани за верата, и вредностите и животните цели.
Пријателски љубовник
Во љубовта му е важно пријателството. Затоа својата партнерка ја прифаќа како најдобра пријателка и ужива во нејзиното друштво. Во односот преовладува посветеност и доверба, без било каква сексуална опсесија. Прилично сувопарен однос, кој не ги буди пеперутките во стомакот.
Зависен (посесивен) љубовник
Зависен од својата партнерка, многу повеќе отколку што е свесен. Има желба да владее и да има контрола врз неа. Кога ќе се промени односот, се чувствува како болен. Инаку, се прават најразлични глупости, само за да се привлече внимание.
Алтруистички љубовник
Од голема важност е да ја усреќува својата партнерка. Кога ќе се појават проблеми во односите, веднаш ги решава и надминува. Карактеристична е посветеноста, пожртвуваноста и нежноста. Совршено! Во љубовта само дава, а ништо не очекува за возврат!
Љубовник актер
Во љубовиот однос се фокусира само на себеси, ставајќи ги напред сопствените задоволства и утехи. Не е доволно зрел и сигурен. Недостатокот на доверба ја „купува“ со таканаречените „флертувања“, заведувања и освојувања. Обично, јасно претставува или покажува дека не се впушта во сериозна и долготрајна врска.
КОИ ЉУБОВНИЦИТЕ ИМААТ НАЈДОБАР МЕЃУСЕБЕН ОДНОС?
Најуспешни се односите на два пријателски љубовници. Добро се сложуваат и практичните љубовници или комбинација од пријателски и практичен љубовник.
ОСТАНАТИТЕ КОМБИНАЦИИ
Романтичен и пријателски љубовник: двајцата различно ја изразуваат љубовта, што може да доведе до мали тешкотии и недоразбирања. Едниот сака романтично додворување и страстно бакнување, додека пријателскиот тип, попрво би искусил тивка вечер и можен договор и планирање на заедничко патување.
Комбинација од два романтични љубовници: Звучи возбудливо, но сепак меѓусебнот договор не е на завидливо ниво. По три или четири години, кога сексуалната привлечност и возбудувања ќе почнат да се изладуваат, тие стануваат незадоволни. Разбирливо е дека ова не е правило! Со помош на малку инвентивност која ќе го распламне стариот оган, може да се извлечете и одлично да ви успее!
Опседнат и пријателски љубовник: Ова секако е судир помеѓу два сосема спротивни стилови на љубов, а колку ова ќе трае, најмногу зависи од сексуалната привлечност.