Што читам: Ели Пешева
Во моментов ја читам „Тестаменти“ од Маргарет Атвуд, тоа е всушност продолжението, односно финалето на „Приказната на робинката“. Мислев дека карантинот ќе ми овозможи лесно и брзо читање, но „Тестаменти“ е исто толку вознемирувачка како и „Приказната за робинката“ и си наметнува соптсвено темпо за конзумирање.
Пред неа, веројатно трет пат ја препрочитував „Фаренхајт 451“ од Реј Бредбери, и следна во низата планирани за овој период е често препорачуваната „Сапиенс“ од Јувал Ноа Харари. Ја почнав еднаш, но некако ми одеше многу споро и ја оставив за друго време, па решив сега да и дадам втора шанса.
Инаку книга која ми е постојано во мојот book corner е „Karma ‘ the ancient science of cause and effect“. Тоа е една од книгите кои не мора да се читаат по ред, секогаш кога ќе почувствувам дека ми треба конекција на поинакво ниво, само ја отворам, и читам од делот од каде што ќе се отворат страниците. Секогаш има ново чувство поврзано со неа и самоспознавањето…
Коментарите се затворени