Што читам: Ирена Спировска
Ја читам книгата од Оливер Ромевски „Најтешкото нешто“. Оливер е автор на сценариото по кое лани се снимаше првиот македонски филм со турски актери, што е огромен успех за еден наш автор. По тоа сценариото тој ја напиша и книгата (обично е обратно, книга па потоа сценарио).
Светската премиера на филмот требаше да се случи пролетва тука кај нас во Македонија, а потоа филмот требаше да се прикажува низ кината во повеќе земји ширум светов. Поради настанатава ситуација плановите се одложени за понатаму но затоа ја имаме можноста да уживаме во ова одлично четиво на Ромевски.
Коментарите се затворени