Што читам: Катерина Шехтанска
Поради ограничувањето и карантинското општо лудило (барем кај нас дома), време за себе воопшто немам, за жал.
Се пишуваат домашни, постојано се бара нешто: „Мамо ова, мамо она, мамо дај ми ……постајано се досаѓа, од досада ми фали да одвојам време за себе.
Околу читањето се навраќам постојано на книгите кои можеш да ги прочиташ повеќепати а да не се здодевни. И секако да се поучни.
СЛЕДЕТО ГО СРЦЕТО од Ендрју Метјуз е меѓјународен бестселер за мисија во животот, како размислуваат среќните луѓе, откривање на сопствена моќ, како да излезеш од безизлезни ситуации и т.н.
Знам да се навратам на книгите на Ана Бунтевска, да поуживам во некои мисли од Јасна Петков -Стојановиќ во „39 приказни на последната вистинска принцеза“ и во размена на книги со мојата кума Ана-Марија да се пресложи несто плус, за кога ќе си имам повеќе време за себе.
Ми фали искрено времето кога секој ќе си фатеше патот, и јас да можам да здивнам, и паролата #седидомаидружисесамсосебе#, не е случај кај мене.
Сепак #седидома# и читај книги е многу попаметно, еве за крај наставничката Тања Алексиќ ни го олеснува сето тоа преку социјалните мрежи, во раскажана форма.
Коментарите се затворени