Ѓорѓи Поповски. Најубавиот тенисер во манекенските води
Ѓорѓи Поповски сe вбројува во неколкуте врвни тенисери во нашата земја, особено откако стана државен првак број еден на ранг листата во Македонија. Но, тука не застануваат неговите амбиции- се надградува во Америка каде што игра за престижниот Алкорн Универзитет.
Ама и тоа не е се.
Неговиот голем потенцијал за моделинг го препознаа од агенцијата Моделс Ин Менаџмент, каде добива ексклузивен договор.
„Поповски во моментов има понуда од три различни модни агенции во Америка но ние како матична агенција ќе одлучиме која е најдобра за него- вели Алек Наумовски, ко- сопственик и менаџер. „Ѓорѓи го има тој индивидуален икс- фактор и совршено лице на модел и, што и да одлучи во иднина, успехот му е надофат. Неговата харизма и вроден шарм му го даваат единствениот печат на вистински борец и џентлмен.“
Коментарите се затворени