2.8 C
Skopje
вторник, јануари 28, 2025
spot_img

Ѓурговденско мени на Chef Бобан Симоновски

Популарниот Chef Бобан Симоновски, чие искуство и креации на чиниите се белег на престижните ресторани и хотели кај нас, за Ѓурговден го предлага следното мени.

Плескавица во јагнешка марамица
Потребно е: путер, праз, сува пиперка, 200 гр јагнешко месо, 1 јајце, лук, сол, биер, масло.
Во тава со масло и путер пржиме ситно сечкан праз и сува пиперка, потоа додаваме малку бело вино и пржиме додека не испари. Во меѓувреме јагнешкото филе го блендираме заедно со сол, бибер и мешан сув зеленчук. Месото го спојуваме со празот, ставаме презла и 1 јајце, оформуваме плескавица која ја виткаме во јагнешка марамица и пржиме од двете страни. За да има поубав вкус, во тавата додаваме неколку чешниња лук.

Јагнешки котлет со мелени фстаци
Јагнешките котлети ги маринираме со ленти од свежи јаболка и 3 чешниња лук и го оставаме да отстојат најмалку половина час во фрижидер. Потоа котлетите ги пржиме на силен оган во путер и маслиново масло од двете страни, ги ставаме на хартија, за да излезе вишокот маснотија. следниот чекор е котлетите да ги валкаме во изметено јајце и измелени фстаци и да ги редиме во тавче, да се запечат 10 минути на 280 степени. За гарнир предлагам – печени тиквички, варен морков, пире од грашок и компири.

Јагнешко печено
Јагнешко бутче и плешка ги ставаме во плех, додаваме 250 мл вино, 2 л вода, сол, бибер, мешан сув зеленчук, целер и ги ставаме во рерна. Месото се пече околу 3 часа, а по првиот час и половина го превртуваме и на секои 20 минути го полеваме со течноста што ја пуштило. Како гарнир се користи печен компир со рузмарин и целер исечкан на тркалца.
7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена