Потребно е: 400 г јагнешко филе, 250 г лиснато тесто, јајца, 4 листови блитва, 4 парчиња сланина, рузмарин, босилек, оригано, сол, црн пипер.
Посолете го филето, додадете црн пипер и зачинете со останатите мирудии. Запечете од двете страни. Растегнете го тестото, ставете ги на него листовите блитва претходно ставени во врела вода, а потоа исушени, ставете ја сланината и филето. Краевите на тестото премачкајте ги со јајца и завиткајте во ролат, кој одозгора ќе го премачкате со јајца. Избодете го со виљушка на неколку места и печете 20 мин. на 200 степени.