Состојки: 3 големи домати, 1/2 филџан масло, 6 чешниња лук, црвен кромид, исечкан, 700 г јагнешко месо исечкано на коцки, 2 лажици чили во прав, 1 лажица мелен коријандер, 4 филџани пилешка супа, 100 грама пасирани домати од конзерва, 1 филџан црн грав од конзерва, сушено нане, сол, свежо мелен бибер и 3 лажици павлака.
На жешко масло се додава лук, кромид, јагнешко месо, домат, чили во прав и коријандер, и се пржи, мешајќи на 5 минути. Се додава супа, пасирани домати, кечап и се вари околу половина час. Се додава грав, нане, и сол и бибер по вкус. Се вари уште 40 минути и пред служење се става павлака.
Фото- closetcooking.com