Свежа дуња е незаменлива кога е во прашање внесувањето на витамини. При тоа- не дебели. Во 100 грама има 57 калории, 0,40 посто протеини, 0,1 посто маст, 15,3 посто јаглеродхидрати, богата е со диетални влакна и содржи танини.
Дуњата е совршен извор на витаминот Ц- 15 мг, а семките содржат 15 посто масло и протеини со мал дел на амигдалин. Главната состојка на семките е слуз, што ја има во лушпата, додека пулпата содржи 3,5 посто од јаболчна киселина. Има и бетакаротен- 33 лг… И можеби најважно од се- изобилува со селен и магнезиум.
Фото- blog.giallozafferano.it

