10.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Јадете тиквички, ќе бидете во добра форма

Тиквичките се исклучително здрави и имаат поволно дејство врз човековиот организам. Ја одржуваат линијата витка, ја подобруваат концентрацијата, ги смируваат нервите, ги зајакнуваат мускулите и срцето. Влијаат на исфрлање на водата и штетните материи од телото. Иако имаат помалку вода од краставиците, содржат повеќе витамини и минерали. Популарни се и поради малата калорична вредност, а изобилуваат со витамин Ц, калиум, калциум, фосфор и селен.
Енергетската вредност на 100 г сурови тиквички со кора изнесува 16 калории. Од тоа, тиквичките содржат 3,4 отсто јаглени хидрати, 1,2 отсто протеини и 0,2 отсто масти. Од минерали содржат помала количина на манган, магнезиум, фосфор, бакар, железо, цинк и калциум. Покрај витамин Ц имаат и Б комплекс витамини. Во 100 г свежи тиквички има 1,1 г диететски влакна и 2,2 г лутеин.

фото-Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена