Пред вас е можност да го зачините Денот на вљубените со романтична вечера полна со нежност и страст и трпеза со афродизијаци, како што се сите морските плодови, ’рдоквите, кавијарот, водката, мирудии…
Афродизијаците отсекогаш биле на цена меѓу љубовните двојки, а моќта на љубовните волшепства на чинија доаѓаат до израз токму на романтичните вечери. Што и да јадете, не заборавајте да се засладите со чоколадо, што важи за проверен афродизијак.
Инаку, чоколадото е најпопуларна и најдостапна љубовна храна, а нејзините афродизијачки својства ги познавале уште старите Астеки.
Така, астечкиот крал Монтезум пиел по 50 шолји чоколадо (т.е. какао) на ден за да ја зајакне својата машкост пред да замине во харем каде што го чекале, ни помалку ни повеќе туку 600 жени.
Легендата вели дека помалку познатите афродизијаци се ’рдоквите, но и лукот. Иако миризбата не е пријатна, силата на лукот, наводно, загрева и го подобрува расположението. Плус, се е поедноставно доколку двајцата јадете лук.
Од неодамна и кафето се вбројува меѓу афродизијаците. Сепак, најценета љубовна храна се кавијарот, школките, јастогот и другите морски плодови. Во комбинација со вотка, кавијарот е особено моќен и предизвикува вистински огномет од страсти.
Сепак, ако не сте по готвењето, наједноставно е да направите залчиња, сендвичи со тостиран леб, и одбрани нешта со кои не се сладите секојдневно.
Фото-Pexels, Pixabay