Љубов по 50-тата година
Многубројни непотребни грижи и стравови не` спречуваат по „извесни“ години и развод, разделби и слични емотивни „бродоломи“, повторно да се впуштиме во авантура на запознавање на потенцијални партнери
Ви нудиме интересен „систем за помош“ на жени постари од 50 години.
1. Донесете одлука дека нема повеќе изговори
Со изговори обично се служиме кога сме несигурни и не знаеме што да правиме. Затоа ако ги забележите во својот репертоар, проверете дали желбата да останете во „безбеден“ сингл статус не ве тера да пронаоѓате изговори. Исто така, проверете дали навистина сакате сопатник во животот. Може да имате или изговори или резултати: што е вашиот избор?
2. Не борете се против стравот. Стравувате – излезете на состанок
Што може да направите? Обратете му се токму на стравот и прашајте го: што е тоа што сака да ни го порача? Забележете ги своите мисли во дневник. Секако дека ќе ви биде потребна и храброст да се изложите на можноста да бидете повредени. Но средбата со изворот на својот страв често не е ни близу толку страшна како и самиот страв.
3. Бидете спремни да ја напуштите својата „безбедна“ зона
Повеќето од нас одбегнуваат непријатности баш како да станува збор за некој голем страв! А токму непријатностите се добра шанса да се развиваме, да го достигнеме во животот она што го сакаме. Исто така, непријатностите обично кратко траат, а следната мантра може да биде од голема корист: „Подготвена сум за љубовен состанок. Сакам да запознам нови мажи дури иако се чувствувам непријатно. Знам дека непријатноста е шанса за развој, а развојот значи и дека ќе го остварам својот сон и ќе запознам маж со кој сакам да го делам животот.“
4. Преземете активности кои водат кон љубовен состанок
Би било навистина убаво кога господинот Вистински самиот би тропнал на вашата врата. За жал, животот не функционира така. Ако останете дома, пред ТВ-приемник, со миленичето крај себе или прекувремена работа, нема да запознаете маж каков што сакате. Насмевнете се околу себе, прифатете флерт, запознајте нови луѓе – онлајн и офлајн, замолете ги членовите на семејството и пријателите да ве имаат на ум кога ќе запознаваат нови луѓе – и сите овие активности може да водат кон вистински љубовен состанок. Со господинот Вистински.
Коментарите се затворени