4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Џејмс Холт: Старт за првиот рагби – клуб „Дивите свињи“

Во Скопје е основан првиот рагби клуб „Skopje Wild Boars“ – „Дивите свињи“ кои го имаа и својот прв официјален тренинг во сабота во Градскиот парк, на којшто учествуваа околу 20 локални жители и неколкумина странци (поранешни рагби играчи) кои живеат во земјата. Џејмс Холт, еден од основачите на клубот вели дека идејата за основањето на клубот кај него тлеела повеќее од една година најмногу поради фактоте што Македонија е една од ретките земји која што нема матичен рагби клуб за разлика од Косово, Србија, Албанија кои имаат и рагби клубови и – рагби лига.
– Македонците важат за вљубеници во спортот, и самиот сум сведок на нивната подготвеност и спортски способности и потенцијал. Со отворањето на клубот сме на чекор кон создавање на Балканска лига каде тимовите ќе се натпреваруваат со оние од соседните држави, претставувајќи ги својот клуб и земја.

Всушност, што значи рагби фудбалот?
-Рагби е спорт кој се игра по тимови составени од по 15 играчи , а топката има овална форма. Целта е топката да се префрли преку ‘score’ линијата, за да тимот поентира. Интересното е тоа што играчите трчаат напред, но топката се подава од играч на играч, фрлајќи се наназад.
Рагбито бара физичка подготвеност и во него се вклучени зафати во коишто со посебна техника и силата на телото на играчот се согоруваат играчите од спротивниот тим за да се „украде“ топката. Гледано од страна, овие зафати можеби изгледаат и по малку насилно, но ве уверуваме тоа е само техника која се учи и се претвора во вештина. Во целата таа борба за топка, играчите ги поставуваат телата на начин на којшто осигураат безбедност за себеси и останатите играчи.

Звучи интересно. Наидовте ли на некакви препреки при реализацијата?
-Доброто е тоа што интересот постои; за 24 часа од отворањето на нашата Фејсбук страна имавме 70 членови, до денес бројката сеуште расте. Најголемите препреки со коишто се соочуваме се недостатокот на опрема (во Македонија нема ни производител на истата што значи ќе мора да најдеме начин да се носи опрема од странство). Во потрага сме и по спонзори а најголемиот проблем е наоѓањето на соодветно земјиште, односно терен.
Во моментов клубот го финансираме сами и имаме мала помош од неколку Англиски компании.
Но, задоволството е огромно кога ја гледаме посветеноста на сите оние кои доаѓаат на тренинг, но истовремено постои и одреден страв затоа што без помош од градот и засегнатите страни, опстанокот на клубот останува во неизвесност.

Што се однесува до членството, кој се може да биде дел од рагби клубот „Дивите свињи“ и како?
– Во моментов регрутираме нови членови. Најлесно е да ја следат фејсбук страната Skopje Wild Boars Rugby Club и да ни остават коментар или да испратат порака. Ќе ги исконтактираме и додадеме во групата во којашто се споделуваат важни информации, како и детали околу местото и времето за оддржување на тренинзи.
Не е важно дали сте слаб, висок, низок или полничок и дали и колку сте физички активни. Не е потребна посебна опрема, само желба за учење и карактер којшто не се откажува…А за сите оние коишто се двоумат дали да ни се придружат, посетете барем еден од тренинзите, видете го темпото и колку се забавуваме. Подгответе се после тренинг да испиеме и по едно пиво и да поразговараме за деталите на играта. Не се плашете, не сме толку „диви“.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена