10.8 C
Skopje
недела, јануари 25, 2026
spot_img

Џулија Робертс: 50тите се најубави години од животот

Холивудската актерка Џулија Робертс за списанието Harper’s Bazaar направи специјална фотосесија и во големо интервју, кое го работеше со Опра Винфри раскажа за многу детали од нејзиниот приватен живот. Најубавата жена на светот кажа дека е среќна во бракот со сопругот Даниел и дека неодамна прославиле 16 годишнина. Таа кажала дека ги живее најубавите години од својот живот и дека ги остварила сите соништа. Во интервјуто кажала и зошто 50тите за неа се најубави години од животот.

-Сопругот ме праша како сакам да го прославам 50 роденден. Посакав петдневно патување, само со него, без децата. После неколку часа сфатив колку е чудно без нив. На враќање дома застанавме во мало гратче на шопинг. Прво влеговме во продавница за даски за сурфање. Додека разгледував по рафтовите Дени се појави со огромна даска. Се изненадив од големината и не сфатив што планира. Потоа тој ја помери даската и јас ги видов нашите деца. Бев воодушевена што успеа да ме изненади и што во тоа учествуваа сите луѓе што ги сакам. Во тоа е поентата на стареењето, да си опкружен со луѓе кои ги сакаш и секојдневно да им го давате најдоброто од себе, изјавила актерката.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена