Потребно е: (за 4 лица)
500 гр тиква
50 гр лупени семки од тиква
50 гр масло од семки од тиква
10 гр горки бадеми
40 гр слатки бадеми
100 гр путер
1 портокал
Постапка
Бадемите се ставаат да стојат во вода 24 часа претходно.
Тиквата се лупи и се сече на две тркалезни парчиња од по 250 гр секое, кои се ставаат на плех за печење и малку се посолуваат.
Семките од тиква се запечуваат во рерна околу 2 минути, се оставаат да се изладат, а потоа половината од нив се ситнат во блендер а останатите се оставаат цели.
Бадемите се ставаат во апарат за цедење заедно со мал дел од нивната вода и постапката се повторува 3 пати додека не се добие сос од бадем.
Тиквата се сече во саканиот облик и се пече во рерна 20 минути, завиткана во алуминиумска фолија. Потоа парчињата тиква се ставаат на тава на која претходно сме го загреале путерот и се пропржуваат додека благо се заруменат. Тиквата се остава да се излади.
Горната страна од парчето тиква се премачкува со масло и се поросува со мелените семки, потоа се сече косо на тенки парчиња.
Портокалот се сече на коцкички и се зачинува со малку сол и масло, се додава врз сечената тиква. Сето тоа се поросува со целите семки од тиква и се посипува со малку сос од бадеми.