За пената:
60 гр црно чоколадо
60 гр вода
За сосот од калинка:
240 гр сок од калинка
80 гр сок од лимон
4 гр кантен (агар)
35 гр шеќер
рендана кора од лимон
За бисквитот од лешници:
25 гр лешници
25 гр шеќер
50 гр паста од лешник
Подготовка:
Водата се зоврива и се прелева преку чоколадото исечкано на мали парчиња. Се меша добро и се остава да се излади, а кога е ладно се мати со миксер.
Сокот од калинка и од лимон и шеќерот се загреваат заедно со кантенот и се оставаат да зовријат неколку минути за да се стопи кантенот. Се додава кората од лимон, се покрива површината со пластична фолија и се остава да се излади. Потоа се мати со миксер.
Шеќерот се карамелизира и се додаваат лешниците. Кога ќе се излади се ситни во блендер и се соединува со пастата од лешник. Добиената смеса се развлекува меѓу два листа хартија за печење. Се остава да се излади и потоа од смесата се вадат саканите форми.
Послужување:
На чинијата прво се става бисквитот од карамел и лешници, на него се нанесува малку од сосот, а останатиот сос се додава на чинијата како декорација. Врз бисквитот и сосот се нанесува пената од чоколадо. Се украсува со зрна какао, овошје, сезонски билки и цвеќе.