4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Недела на италијанската кујна: Топла крема од тиква и хељда

Состојки за кремата од тиква:
250 гр тиква
125 гр компири
50 гр праз
100 гр моркови
50 гр карфиол
50 гр ладно цедено маслиново масло
25 гр суво бело вино
150 гр кокосово млеко
150 гр вода
1 гр куркума
7 гр сол

Состојки за бисквитите од хељда:
100 гр хељда
200 гр вода
2 гр сол
50 гр масло

Подготовка
Во тава се пропржува зеленчукот со маслиновото масло, се посолува и се додава белото вино. Кога виното ќе испари, се додава вода да го покрие зеленчукот, сол и куркума. Кoга зеленчукот е доволно сварен, се додаваат останатото масло и кокосовото млеко и се мати со блендер.
За бисквитите се става хељдата во ладна посолена вода и се вари 20 минути. 1/3 од добиената смеса се мати со блендер и се развлекува во тенка кора со помош на два листа хартија за печење. Кога ќе се излади кората, се сечат форми за бисквити и се запечуваат во тава со масло и мајчина душица.
Се пропржуваат во тава листови од зелка, праз и тиква, за декорација.
Послужување: на дното од чинијата се става кремата од тиква. Врз неа се додаваат бисквитите од хељда и пропржениот зеленчук.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена