4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Гордана Деан Попхристова: Ако немаат што да подарат, еквадорците ќе ти донест печена риба или супа за Нова Година

„Во Олон, на брегот на Пацифик каде што живеам последните 9 месеци, вообичаено празнување за Нова година почнува околу 10 декември.Тогаш е фиеста во Олон, посветена на заштитничката на селото Санта Луциа, а во исто време е и фиеста на Гуанчача, ракија која спаѓа помегу 7-те најсилни алкохолни пијалоци во светот. Фиеста трае 3 дена и 3 ноќи и практично е вовед во понатамошните новогодишни славења. Завршницата е Големото шоу, во кое учествуваат Маријачи оркестри и парада на коњи од Олонската ергела.

Се кити елката во центарот на селото, околу неа се божиќните фигури а тука се и ирвасите кои влечат санка и се наменети да се фотографираат децата.
Сето тоа потсетува на некое далечно минато време во које уште постоеше детска наивност и кај возрасните.

Еквадорци сакаат славење, новогодишно декорирање а најмногу од се сакаат гласна музика, најчесто кумбија, салса и регетон.
За разлика од Олон, во градовите новогодишен декор и атмосферата се многу поинакви, потсеќаат на Европските градови, тоа е затоа што архитектурата е сочувана од колонијално време, од шпанските освојувачи а исти се и навиките.
Пред Новата Година секое семејство подготвува и изработува голема кукла, која представува некој од фамилијата, на кого му одеше лошо претходната година или кукла -симбол за се лошо што се има случено, таа може и да е со лик на некој омразен политичар.
На полноќ за Нова Година се прави голем оган и ритуално се пали куклата, со неа да отиде лошото и да остане само доброто, за следната Година.
Исто така традицијата е и ноќно сурфање, сите сурфери од селото одат во колона која ја поздравуваат мештаните и цело село оди по нив да ги гледа. Завршницата е голем огномет на плажа.


Периодот пред и после Нова година е традиционално време кога туристите од еквадорските градови доаѓаат во голем број. Секогаш доаѓаат фамилијарно, обичај е летен одмор да се помине со најблиските- мајка, татко, баба, дедо, дури имаат побарувања сите да престојуваат во една соба, за што плаќаат поголема цена отколку да семат повеќе соби. Многу е битно фамилијата да е заедно, во хармонија и љубов.
За жал оваа година сите тие ритуали, дружења и забави ќе бидат забранети. Плажите ќе се затвараат во 18ч, и ќе се забрани служење на алкохол во кафулињата и рестораните, така што најверојатно нема да има туристи.

Јас секоја година периодот околу Божиќ и Нова Година го поминувам во Олон, и помагам на ќерка ми Јоана околу хостелот, во дружба со луѓе од сите континенти, секогаш поинакви и најчесто, многу пријатни.

Има една фамилија еквадорци кои секоја Нова Година слават кај нас и сега сме пријатели, но за жал поради рестрикциите годинава нема да се видиме.
Што се однесува до подароците, за празниците се разменуваат подарочиња, најчесто чоколади, бомбончиња, украсни предмети но тука на брегот луѓето ако немаат нешто да подарат, некоја ситница, ќе ти донест печена риба или супа, кифлички, нешто вкусно и навистина од срце.“

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена