Солта е природен антидепресив, но познато е дека поголемото количество може штетно да влијае врз здравјето, поточно врз зголемувањето на крвниот притисок или на болестите на срцето. Сепак, доколку се консумира во мали количини, може да влијае позитивно кај лица кои се склони кон депресија и апатија.
Препорачлива дневна доза сол за возрасни лица изнесува четири грама, иако експертите тврдат дека и два грама се доволни во текот на еден ден. Поголемиот број од луѓето, според светската статистика, консумираат повеќе од десет грама сол дневно, особено затоа што одбираат многу зачинета храна.
Фото- Pixabay